Починале 4 пациенти од вирусот, новозаразени се 408 лица, повеќе од половината во Скопје

Во последното деноноќие во Македонија починале четири лица од вирусот, направени се 2.140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на заразени од ковид-19. Ова го соопшти Министерството за здравство.

Починати се 4 пациенти, двајца од Скопје (64 и 77), еден од Ресен (59) и еден пациент од Битола (76). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Најмногу од новозарзените се во Скопје- 227 лица, а останатите се во Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Од оздравените пациенти во Скопје се 148 лица, Куманово-3, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.674.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември” има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Претходна вестФилипче бара мерките за заштита од Kовид-19 итно да се донесат, опозицијата има и свои предлози
Следна вестШуто Оризари и Сарај со најмалку активни случаи во Скопје, по 16 заразени