Починале 5 пациенти од вирусот, новозаразени се 78 лица, оздравеле 172

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се во овие градови:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип 3
-Виница 1
-Свети Николе 5
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.
До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.
Претходна вестСо што ги прскаа комарците за вака многу да ги има и силно да касаат?
Следна вестСамо Еуросупер-95 поевтини половина денар