Со што ги прскаа комарците за вака многу да ги има и силно да касаат?

Неколку пати оваа пролет и лето беше прскано против комарци во Скопје. Ги слушавме и авионите како брмчат наутро. Но, еве сега ги слушаме често и комарците како зујат околу нас. Море и бајаги касаат.

Има ли ефект годинешново прскање против комарци во Скопје? дали треба уште да се прска? Ваквите прашања се наметнува деновиве од причина што непријатните инсекти и натаму им создаваат проблеми на граѓаните.

За тоа доволно сведочат бројните коментарни на социјалните мрежи.

Јас стварно не знам со што прскате (со едно авионче од високо, не ни стигнува до доле растворот)населбите покрај Вардар вријат од комарци, напиша една жителка на Скопје на ФБ станица на Градот Скопје во коментарот под информацијата дека е извршено прскањето во средината на јуни.

Друга сограѓанка го постави прашањето со каков препарат се прска?

-Тие се повеќе се размножуваат, вели таа.

Друг граѓанин побара да се прска со друг препарат.

Треба да се прска со поквалитетни препарати, комарциве ништо живо не ги тепа. Во Маџари ги има премногу!!!, потенцира тој.

Овие реакции очигледно покажуваат дека нешто не е во ред со годинешново прскање. Дали е во прашање изборот на средствата или пак на врнежливо време, или некој трет фактор, градските власти сепак би требало да објаснат, но пред се да преземат соодветни мерки за комарците да не играат оро низ Скопје.

Претходна вестПроверен е квалитетот на водата на 56 места низ Скопје
Следна вестПочинале 5 пациенти од вирусот, новозаразени се 78 лица, оздравеле 172