Починале 6 пациенти од вирусот, а новозаразени се 113 лица. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 35
-Куманово 12
-Штип 23
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Струга 1
-Битола 7
-Охрид 6
-Гостивар 15
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Валандово 1
-Виница 1
Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје на 22, 64 и 83 години, пациент од Куманово на 72 години, пациент од Струга на 48 години и пациент од Охрид на 75-годишна возраст. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти.
До сега во Македонија се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.