Починале 6 пациенти од вирусот, 113 се новаразени, а 259 оздравеле

Починале 6 пациенти од вирусот, а новозаразени се 113 лица. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 35
-Куманово 12
-Штип 23
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Струга 1
-Битола 7
-Охрид 6
-Гостивар 15
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Валандово 1
-Виница 1
Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје на 22, 64 и 83 години, пациент од Куманово на 72 години, пациент од Струга на 48 години и пациент од Охрид на 75-годишна возраст. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти.
До сега во Македонија се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.
Претходна вестСе моли дождот да не врне во Центар повеќе од 20 минути
Следна вестШест полицајци тепале човек врзан со лисици, ама камерите снимале…