Денеска, во 2.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ѓорче Петров било пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила екипа на СВР Скопје.