Немало траги на насилство на телото на млад велешанец кој утрово е најден починат под Железен мост во Велес, соопштија од СВР ВЕлес.
На лице место во населбата Дворови била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес.
Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес соопшти дека на телото на пронајдениот мртов 34- годишниот маж немало траги на насилство.
– Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство, ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место, како и друг вид на материјал. Веќе е побарано телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје, соопшти Цветанка Богоевска, Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.