Починат маж пронајден пред објект во Хиподром

На 20.04.2024 во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки пред угостителски објект во населба Хиподром бил пронајден починат Ф.Ш.(65) од с.Студеничани, скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестДимитриевски: Македонецот треба да се крене, да каже – Доста е!
Следна вестНа митингот на Коалицијата за европска иднина во Скопје Ковачевски порача дека изборот е меѓу европска иднина и изолација