Почината трудница од Ковид-19 одбивала да биде хоспитализирана

Родилката која која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ одбивала да биде хоспитализирана на Гинеколошката клиника во Скопје, изјави денеска на прес-конференцијата директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска. 22-годишната трудница која почина на 9 декември во ГОБ „8 септември“ како последица на Ковид-19 страдала и од коморбидитети. Во Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје била хоспитализирана на 26 ноември во тешка состојба.

Јовановска изјави дека трудницата била донесена на Клиниката на 23 ноември по трет пат, односно на 22 ноември била донесена два пати, но одбивала да биде хоспитализирана иако ѝ било објаснето дека се става во ризик себеси и бебето.

– Пациентката одбила хоспитализација, примила инфузија, се чувствувала подобро, се потпишала и си заминала. Повторно е вратена на Клиника околу 23 часот, меѓутоа повторно одбила да остане поради тоа што требало да биде хоспитализирана во делот каде што се хоспитализираат ковид пациентки, а таа имала негативен тест. Лабораторијата и клиниката укажуваа на тоа дека таа е ковид позитивна. Тие кои се пациентки со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не кај позитивните туку со суспектните пациентки, меѓутоа пациентката повторно одбила, а кога се вратила на 23 ноември утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија – објасни Јовановска.

Таа потоа биле префрлена во ГОБ 8ми Септември каде 7 дена била на респиратор и починала.

Претходна вестДали марихуаната ќе стане поприсутна од тревата во скопското зеленило?
Следна вестЗа десет години, 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство