Почна да се вози по првиот дел од булеварот „Босна и Херцеговина“

За сообраќај денеска е отворен првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ кој ќе придонесе за побрзо одвивање на сообраќајот и поврзување на општините Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и населбата Железара во Гази Баба. Кога ќе биде завршен овој булевар ќе се протега од улицата „Македонско-косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Александар Урдаревски“ и „Ќемал Сејфула“.

-Се работи за инвестиција вредна околу 100 милиони денари. Се сеќавате дека овде имаше една стара улица која исто се викаше Босна и Херцеговина и која 50-тина години не беше реконструирана. Сега, сведочиме на најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно зеленило и странично зеленило. Овој булевар всушност е дел од секундарниот северен прстен за којшто разговаравме во текот на кампањата во 2017 година и ова е неговата реализација, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Претходна вестЛевица со претставка до Уставниот суд: Функцијата на Артан Груби е неуставна категорија
Следна вестЖената што изгуби бебе и сопруг во сообраќајка кај Млечен: Немаме правна држава, сите тие се штитат меѓу себе