Почна реконструкција на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Денеска почна реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во општината Кисела Вода која за околу два месеца ќе добие нов лик. Екипи на Град Скопје вршат обнова на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата „Црниче“ до улицата „Свети Наум Охридски“.

На оваа делница долга 1.100 метри ќе се обноват коловозот и рабниците, а ќе се реконструираат и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што е неопходно. Истовремено, ќе бидат изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за  континуирано и квалитетно водоснабдување на околните домаќинства.

Вредноста на реконструкцијата изнесува околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ.

Претходна вестАктерката Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг пред судот не признаа вина за трговија со кокаин
Следна вестШилегов: Иницијатор на спомен плочата на „Мајка Тереза“ е Здружението за заштита на ликот и делото на Мајка Тереза