Шилегов: Иницијатор на спомен плочата на „Мајка Тереза“ е Здружението за заштита на ликот и делото на Мајка Тереза

Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“ е иницијатор, изработувач и финансиер на проектот за новото спомен обележје на големата хуманистка во центарот на градот, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој рече дека Градот Скопје освен да помага нема никаква друга правна можност да врши реконструкција. Шилегов во одговорот на новинарско прашање за бројните реакции во јавноста дека новиот излгед на обележјето е несоодветен, додаде дека за него ова решение е прифатливо.

-Градот нема активности освен што помага на Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“. Тие беа иницијатори, тие се финансиери и изработувачи на спомен обележјето на начин на кој што е изведено, ние ниту имаме право ниту имаме правна можност како Град самоиницијативно да ја вршиме реконструкцијата на местото каде што е спомен плочата. Идејното решение за мене беше прифатливо од причина што достапноста до спомен плочата од страна на јавниот простор да се надмине проблемот што со криминалната продажба на локацијата за изградба на шпанските скали е наметната кај локацијата на куќата на „Мајка Тереза“, рече Шилегов.

Тој објасни дека станува збор за приватен имот, и затоа Градот нема право да троши јавни пари на таа локација.

Претходна вестПочна реконструкција на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода
Следна вестВладата и средношколците без договор за моделот на наставата