Исламските верници во Македонија од синоќа започнаа со Рамазанскиот пост во текот на кој ќе се воздржувата од храна и пиење во определен пеирод од денот и ќе се посватуваат на Бога. Во текот на следните 30 дена тие не само што ќе се воздржуваат од јадење и пиење туку и од пушење од изгрејсонце до зајдисонце, како и од псовки, тепачки и озборувања.
Верниците ќе се молат во одредено време за нивно физичко и душевно прочистување, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе се соберат на ноќна трпеза.
Постот е еден од петте столбови на исламот и е задолжителен за сите муслимани, иако има исклучоци за малите деца и болните и за жените кои се бремени или дојат. Оние кои патуваат се исто така ослободени, вклучително и спортистите кои учествуваат на турнири надвор од нивниот град.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Шаќир Фетаху на муслиманските верници им го честита почетокот на Рамазан.
-Важната и неопходната порака за времето во кое живееме што го пренесува Рамазан за нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака се пренесува преку солидарност и милосрдие кон сиромашните, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде гладен и да се биде сиромашен. Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните и љубов и симпатии во срцата на луѓето, рече Фетаи.
Повеќе од 1,8 милијарди муслимани, кои сочинуваат околу една четвртина од светската популација, се очекува да го слават Рамазан. Исламот го следи лунарниот календар, така што Рамазан започнува една и пол недела порано секоја година.