Почнува постапка за отстранување на галијата спроти МНР

Градот Скопје денеска ќе ја започне постапката за отстранување и на втората галија во коритото на реката Вардар. Ова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој наведе дека за тоа се создадени правни услови.

-Откако се создадоа правни услови, дадов налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии во коритото на реката Вардар спроти МНР. Постапката за извршување (отстранување) на галиите, ја започнуваме од утре, кај надлежен извршител, напиша вчера Шилегов.

Тој потенцира дека отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите ќе нема никаква буџетска импликација по буџетот на Град Скопје.

Причина за ваквиот потег е неподмирени сметки од страна на фирмата која четири месеци не го платила надоместокот за користењето. Од фирмата пак, за медиумите изјавиле дека ги подмириле сметките. Од Градот Скопје ова го потврдуваат но наведуваат дека тоа било задоцнето, откако било изречено решение за раскинување на договорот.

Покрај оваа галија, во претходна постапка е донесена одлука и за отстранување на галијата лоцирана наспроти МЕПСО, но поради пандемијата од коронавирусот постапката беше одложена. Градоначалникот Шилегов веќе порано најави дека се бара бара солуција за отстранување и на последната галија, кај мостот Око. Ако не се најде ќе се чека да истече договорот помеѓу закупецот и градот, за 15 години.

Претходна вестСончево и многу топло, попладне можен е краткотраен дожд
Следна вестМаска не носело 461 лице, ќе платат казна од 20 евра