Сончево и многу топло, попладне можен е краткотраен дожд

Утринското сонце и високите температури за овој дел од денот најавуваат топли 24 часа. Сепак, метеоролозите предвидуваат дека попладне ќе има услови во Македонија да се развие локална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.

Претходна вестТреба ударништво во економијата, а не шминка
Следна вестПочнува постапка за отстранување на галијата спроти МНР