Откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери упадна во СЦР Тетово и ги „проверуваше“ вработените дали работат, утрово се огласи претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев кој упати силна осуда кон Џафери.
Делчев во изјава за медиумите однесувањето на Џафери го нарече некултурно и непристојно, при разговорот со вработени во СВР Тетово тој го нагласи фактот дека се тоа го снимаше. Делчев нагласува дека политиката треба да се држи подалеку од полицијата.
– Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се сниаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред предизборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици, рече Делчев.
Делчев смета дека политичките кампањи и собирањето предизборни поени политичарите можат да го организираат надвор од институциите. Тој застана стриктно на страната на работниците и вели дека истите не треба да се злоупотребуваат за политички цели.
Недостатоците и пропустите во полицијата Делчев смета дека треба да се проверуваат по институционален пат.