Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје собрале вкупно 1 370 кубни метри кабаст отпад од сите скопски општини во периодот од 5 август до 13 септември годинава.
– Во рамки на акциите за собирање кабаст отпад, жителите на скопските општини имаа можност да ги одложат својот стар мебел и покуќнина на повеќе локации во близина на своите домови, каде ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје постави посебни садови наменети за одлагање на кабастиот отпад, стои во соопштението.
Како што информираат од „Комунална хигиена“ во текот на акцијата во општината Ѓорче Петров биле собрани 130 кубни метри кабаст отпад, во Карпош 170, во Центар 130, во Кисела Вода, Бутел и Шуто Оризари по 150 кубици, во Гази Баба биле собрани 160 кубни метри отпад, во Чаир 170, а најмалку кабаст отпад исфрлиле жителите на општините Аеродром и Сарај, по 80 кубици.