Темен режим Режим на светлина

Поевтинуваат бензините и дизелот

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина односно за еден ипол денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што новите цени ќе изнесуваат 60 односно 62 денари за литар.

Дизелот ќе поевтини за половина денар на 53 денари за литар.

И Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтини за 0,50 денар на 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари за килограм

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд