Дел од хидроцентралата Каховка е уништен во ноќниот напад во областа Херсон, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места. За уништувањето на браната Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат.
Шефот на проруската влада на Херсонската област Андреј Алексејенко изјави дека нема опасност по животот на луѓето, но дека автобусите за евакуација се подготвени. Претседателот на
Градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев во изјава за Риа Новости рече дека од гранатирањето бил уништен само горниот дел од хидроцентралата, но дека браната на акумулацијата не е уништена.
– По уривањето на хидроцентралата низводно, нивото на водата порасна за 2,5 метри, службите се на терен, додаде тој.
Леонтиев тврдеше дека евакуацијата на населението од градот не е неопходна, но дека можеби ќе треба да ги евакуираат населбите лоцирани низводно – Корсунки и Днепар, како што прецизираше.
– Ќе бидеме подготвени, доколку треба, да извлечеме луѓе. Но, нема да има катастрофа, увери тој.
Оштетувањето на браната исто така би можело да доведе до потешкотии на снабдувањето со вода на Крим,тврди прорускиот градоначалник на Нова Каховка.
Хидроцентралата Каховка се наоѓа на пет километри од Нова Каховка во регионот Херсон. Уништувањето на браната може да резултира со смрт на илјадници луѓе, пишува руската државна агенција РИА.
Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Днепар како дел од хидроцентралата Каховка. Содржи резервоар кој го снабдува со вода Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, која исто така е под руска контрола.
Оштетувањето на браната Нова Каховка не само што создаде опасност од поплавување, туку експертите велат дека во опасност е и нуклеарната централа Запорожје. Имено, водата од акумулацијата Каховка е неопходна за да се добие напојување за турбините и безбедносните системи.