Темен режим Режим на светлина

Казнети 180 возачи во Скопје, 14 непрописно престигнувале, десетмина зборувале на телефон…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и седум мерки за возење без возачка дозвола и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Следна објава

Погодена браната кај Херсон, опасност од големи поплави