Како што информираат од МВР, полициски службеници од СВР Битола ноќеска во периодот од полноќ до 4 часот изутрина, спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол.
Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.