Полицијата приведе 11 лица – 9 за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

На 29.06.2024 во времето од 16.00 до 20.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје постапено е по план за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар и притоа се затекнати вкупно 11 лица од кои девет се приведени за сторен прекршок по чл.24 од ЗППЈРМ (питачење), а двајца биле лишени од слобода во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од КЗ на РСМ.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестЗа 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено
Следна вестДве лица каснати од кучиња скитници во едно деноноќие