Полицаец по полноќ си чистел пиштол, си пукал во стапалото

Со повреда во десно стапало се здобил полициски службеник откако си пукал при чистењето на пиштолот.

-Синоќа околу 03,00 часот во куќа во с.Инџиково, скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопштуваат од МВР.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Претходна вестЕден загинат и двајца повредени во сообраќајка во кратовско
Следна вестПритворени двајца кумановци, во камионот им пронашле два килограми марихуана