Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во кратовско

Едно лице загина, а две други се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај кратовското село Железница.

МВР соопшти дека вчера околу 15.30 часот во с.Железница, кратовско, на пат од с.Туралево кон Кратово патничко моторно возило „Тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово, се наведува во соопштението.

Претходна вестФилипче: Очекуваме помал прилив на нови болни и повеќе исписи на пациенти од вирусот
Следна вестПолицаец по полноќ си чистел пиштол, си пукал во стапалото