Филипче: Очекуваме помал прилив на нови болни и повеќе исписи на пациенти од вирусот

Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство. Тој имаше состанок со директорите на клиниките на кој се зборувало за можноста за отворање на нови ковид-центри.

– Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио. Деновиве работиме на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво, нос и грло, како и на Клиниката за очни болести кои до крајот на неделава се планира да почнат да примаат пациенти, рече тој.

Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Од директорите на хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија е побарано да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.

– Состојбата е сериозна и целиот здравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.

Претходна вестШилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост, бара алиби
Следна вестЕден загинат и двајца повредени во сообраќајка во кратовско