Филипче: нема да има кревети, сите болници ќе се ковид центри – не е ли време за општа мобилизација на приватните лекари и болници?

Прв пат од почетокот на епидемијата, министерот за здравство Венко Филипче во интервју синоќа испрати пораки дека ако продолжи да се шири вирусот на ваков начин, може да снема кревети по болниците, а целиот здравствен систем да се концентрира на лечење на само една болест.

-Сметаме дека не е соодветно да сместуваме пациенти во објекти кои не биле предвидени за тоа. Ќе сместуваме пациенти каде што има кадар. И во соседните земји и во Германија, целиот кадар се мобилизира и капацитетите се полнат брзо.
Следните чекори се во рамките на сите интернистички клиники, кревети има доволно, меѓутоа кадарот треба да се мобилизира. Исто така се предвидува и сместување на ковид пациенти на хирурушките клиники. Тоа ќе биде прв пат во историјата целиот систем да лекува само една патологија, со цел да се намали притисокот, рече Филипче.

Пред само некоја недела првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски самиот го постави прагот на колапс на здравствениот систем на бројка од 1000 хоспитализирани. Во моментот имаме над 1500 после вчерашниот најцрн ден.

Многу прашања, остануваат неодговорени:
1. Мобилните болници зошто се остави толкав период да не се подготват?
2. Што е со одделите што ги ослободија приватните болници, зошти не се споменуваат и тие?
3. Зошто не се мобилизираат во спас на целиот систем сите доктори во земјата, и тие во приватните клиники?
4. Зошто до вчера претпладне министерството тврдеше дека успешно ја менаџира кризата, за истиот ден вечерта Филипче да каже дека може да нема кревети и целото здравство да лекува само ковид и ништо друго?
5. Зошто други рестриктивни мерки не се предложија? Само вчера имаше 40 починати….

И други чудни нејасности остануваат неодговорени. Очигледно е дека е неопходна итна стратегија, што откако официјално сме во состојба на епидемија – никогаш не се направи.

Претходна вестЗаталкан куршум завршил во аптека на булеварот Партизански одреди
Следна вестМакедонскиот „Врба“ кандидат за „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм