Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.
Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница.
Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА.
На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.