Вчерашните контроли на полицијата одново покажаа дека и во неделата скопските возачи не знаат за сопирачки кога е во прашање ограничувањето на брзината. Резултат на тоа е повторно висок број на казнети возачи поради непочитување на ограничувањето на брзината на 50 килиометри на час.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 47, соопшти полицијата.
Може само да замислиме колкумина не биле казнети, а возеле рели низ Скопје. Планира ли полицијата уште посеопфатна контрола со цел да се намали бројот на „подивени“ возачи?
Инаку, имало и 18 санкции за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас и 23 мерки за непрописно паркирани возила.
Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.