Австрискиот канцелар ја критикува Европската Агенција за лекови за вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови, барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини за корона вирус, информираат тамошните медиуми.

-Не може во други земји вакцината да се одобрува побрзо отколку што тоа го прави Европската агенција, посочил Курц.

Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

-Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо, небирократски и во согласност со сите научни стандарди, нагласил тој.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Инаку, австриските медиуми претходно истакнаа дека Себастијан Курц разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за испорака и заедничко производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник 5“.

Претходна вестПолицијата ги брка, но колку ги стигнува „подивените“ возачи во Скопје?
Следна вестПроф. Пановски: Ако воопшто дојде поголема количина на вакцини во март, првичните ефекти би се виделе во јуни