Полицијата и на Прочка не простувала кршење на забраната за движење

Полицијата синоќа казнила 15 лица за непочитување на полицискиот час, а 393 лица се казнети за неносење заштитна маска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на РС Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци, соопшти МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Претходна вестЕУ официјално ја одбива руската вакцина, но зад завесите преговара за нејзина употреба
Следна вестБогдановиќ: Го раскинуваме договорот за изработка на ДУП кај ГТЦ, ќе бараме друг планер