Полицијата упадна на приватна забава во Струмица

Полицијата синоќа упадна во семејна куќа во Струмица, каде 26-годишник во домот на неговиот татко организирал приватна забава со уште 11 лица.

Претресот го извршила полицијата во 1 часот по полноќ, со судска наредба.

Со тоа, како што велат од МВР, биле прекршени мерките за заштита од Ковид-19

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестКафеана во Стајковци работела по дозволеното време, приведени 18 лица
Следна вестМајка го пријавила тетинот, се обидел да ги обљуби нејзините две ќерки