Полициски час не почитувале 204 лица, за неносење маски казни за 318 граѓани

На ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР за контроли извршени во изминатово деноноќие.

-По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, се наведува во информацијата.

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија на 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Претходна вестИ Словенија ги отвори границите, ама за патниците од Македонија воведе 14 дневен карантин
Следна вестСо пиштол и чанта полна куршуми шетал по „Пластичарска“ во ек на полициски час