Со пиштол и чанта полна куршуми шетал по „Пластичарска“ во ек на полициски час

Цел арсенал на оружје и муниција пронашла вчера полицијата кај 20-годишен скопјанец кој бил запрен во време на полицискиот час на улицата „Никола Карев“, попозната како „Пластичарска“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека кај него биле пронејдени гасен пиштол и чанта со куршуми.

– Во време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Б.Р.(20) од Скопје, пронашле еден гасен пиштол, една рамка со пет куршуми и една чанта со 21 куршум. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Претходна вестПолициски час не почитувале 204 лица, за неносење маски казни за 318 граѓани
Следна вестНадлежните провериле: Скопјани пијат чиста вода