Помалку тестирање – помалку новозаразени, четири пациенти починати од вирусот

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив  во Скопје се 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1 и Делчево 4.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

Претходна вестБензинот поевтинува, дизелот поскапува
Следна вестВидоа не се гради гасоводот, па трасата на Водно им стана патека за крос возење