Поништена е одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче

Стопирана е иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која се предвидуваше изградба на 12 згради во населбата Црниче, извести вчера градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Ја стопиравме иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која во времето на мојот претходник, се предвидуваше изградба на 12 згради! Како што ветив и ги исполнив своите ветувања за Расадник, како што ја донесовме и целосно ја спроведуваме одлуката за забрана за изградба на станбени објекти со повеќе од 4 станбени единици во Пржино и Црниче, од денес е во сила и оваа одлука и наместо гигантски зданија, на посочената локација во Црниче, на сопственикот ќе му биде дозволена само реконструкција на објектот, старата печатница и тоа во постоечкиот габарит, кажа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

То додаде дека скалите кои со измената на ДУП-от требаше да бидат отстранети, ќе останат и ќе бидат надополнети со пропратна урбана опрема, онака како што бараа жителите.

-Одговорно тврдам дека нови одобренија за изградба на згради во Пржино и Црниче нема да има, како што е зацртано во мојата одлука, која што е поддржана и од страна на Советот на општината, а и од сите жители од овој дел на градот. Во Пржино и Црниче ќе можат да се градат само куќи, кои што можат да имаат максимум 4 станбени единици! Времето во кое што под маската на А1 – куќи се градеа габаритни згради е завршено! Ова е ново време во кое живее општина Кисела Вода. Нема да дозволам поради лични интереси на поединци мојот народ во Црниче и Пржино да се гуши и тие прекрасни населби под срцето на Скопје, Водно, да се бетонизираат, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претходна вестБугарија в недела повторно на предвремени избори
Следна вестТаравари: ДУИ моли и испраќа преговарачи за да биде во власта