Претпладне сончево и топло со умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, e прогнозата на синоптичарите за скопското подрачје.
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.
Во претстојните денови ќе се задржи слично време со попладневна локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе растат и се очекува да се искачат до околу 35 степени.