Попладне претежно сончево, температура до 14 степени

На скопското подрачје времето претпладне ќе биде облачно и магливо, а попладне ќе  ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 2, а дневната од 14 до 19 степени.

Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.

Претходна вестКонцерт на пијанистките Пројковска, Вршкова и Ивановска вечерва во МОБ
Следна вестАлармантно: Секој четврти ученик во Македонија се обложува, секој десети пробал дрога