Концерт на пијанистките Пројковска, Вршкова и Ивановска вечерва во МОБ

„Есенски музички свечености“ е името на фестивалот што ќе се случува во фоајето на МОБ, од вечерва е со почеток во 19 часот.

На репертоарот е концерт насловен „Музика за 30 прсти“ а клучните фигури се пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска. Ќе може да се слушнат дела од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов.

Влезот е слободен, но со ограничен број на публика и со претходна најава на телефоните 3165 064 и 3222 341 најдоцна до денеска во 11 часот или на електронската адреса: [email protected].

Претходна вестСкопјани: Додека се препукувате со приказните за „Курто и Мурто“, се угушивме – Не ви проаѓа!
Следна вестПопладне претежно сончево, температура до 14 степени