Градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај Универзитет ФОН ќе се изведуваат попладнево, соопшти скопското ЈП „Улици и патишта“.
Во информацијата се наведува дека работите ќе започнат од 17часот на крстосницата на овој булевар кај ФОН Универзитетот и салонот на „Мерцедес“.
-Поради изведба на градежните активности сообраќајот ќе се одвива етапно, прво ќе биде зафатена една коловозна лента, па потоа другата и при асфалтирањето ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ЈП Улици и патишта апелираат за трпение на сите учесници во сообраќајот до завршување на градежните работи на оваа крстосница, се наведува во информацијата.