Поповски верен на Цирих до 2026

Еден од македонските интернационалци кој континуирано игра во одлична форма последните неколку сезони, Мартин Поповски, ќе го продолжи својот престој во Швајцарија. Тој потпиша нов договор со Амичитија Цирих и ќе остане во овој клуб најмалку до 2026 година, односно ќе комплетира шест сезони.

Штипјанецот е најдобар стрелец оваа сезона на тимот од Цирих со 106 голови, а поголем дел од минутите на терен ги игра на десната бековска позиција. Поповски пред да замине за Швајцарија играше за Текстилец, Вардар Јуниор, Вардар и Пролет.

Претходна вестГрчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Македонија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Тужби за Спасовски и за обештетување на граѓаните за непотребните трошоци предизвикани со хаосот од издавањето на личните документи