Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ).
Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
На располагање, според МЗ има околу 400.000 дози вакцини вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза: 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70000 Фајзер.
Од МЗ велат дека секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината.