Поради неприсуство на Арсовска прекината седница на Советот на Град Скопје

Седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се разгледува предлог буџетот за градот за наредната година денеска е прекината поради неприсуство на градоначалничката Данела Арсовска.

Агенцијата „Макфакс“ информира дека советникот Стефан Андоновски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побарал да има претставник на Град Скопје.

-Не знаеме зошто нема претставник на Град Скопје, дали е поради неподготвеност за работа по буџетот, дали вака се брани проектот Модерно Скопје, дали вака се води град, ако се нема интенција да се присуствува на седницата не знам зошто тогаш советниците да присуствуваат за документ кој го подготвувал друг. Буџетот предлагачот треба да го образложи пред советниците, рече Андоновски на почетокот на денешната седница.

Според него советниците мора да добијат одговор од Градот зошто буџетот е ваков, која им е визијата за градот.

-Треба претставниците на Градот, поточно менаџментот да ни каже зошто ваков буџет, дали се соодветно планирани средствата. Дали може со овој предлог да се реализира програмата Модерно Скопје, додека не добиеме одговор и претставник од Градот нема услови за работа, кажа Андоновски.

Претходна вестТинејџер од Флорида ја застрелал својата сестра по расправија за божиќни подароци
Следна вестЗнаат ли здивените возачи колку лица годинава загинаа во сообраќајки низ Македонија?