Тинејџер од Флорида ја застрелал својата сестра по расправија за божиќни подароци

127

Двајца браќа од Флорида се уапсени откога еден од нив ја застрелал сестрата за време на расправија за божиќните подароци. Девојката (23) била застрелана во градите од својот брат тинејџер (14) додека го држела својот 10-месечен син.

По тоа, другиот брат (15) го извадил пиштолот и пукал во него. Полицијата соопшти дека до пукањето дошло за време на расправија за божиќните подароци, односно за тоа кој ќе добие повеќе од нив.

Шерифот Боб Гуалтиери им рекол на новинарите дека постариот тинејџер (15) побегнал од местото и го скрил пиштолот. Помладиот брат (14) е пренесен во болница и е во стабилна состојба, а по исполнување на условите, ќе биде преземен од полицијата.

Според првичните информации, расправијата почнала додека браќата пазареле со мајка им, но продолжила во куќата на баба им во град во близина на Тампа.

Претходна вестРобот нападнал работник во фабрика на „Тесла“
Следна вестПоради неприсуство на Арсовска прекината седница на Советот на Град Скопје