Поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ заедно во владино советодавно тело

Дваесетина економски експерти меѓу кои и поранешни министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се обединети во иницијативата „За татковината со љубов“ која ќе биде советодавно тело за носење на економските мерки. Вицепремиерот Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил синоќа објави дека оваа тело веќе одржало свој прв состанок.

Тој синоќа потврди дека во овој тим се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски во владата на чие чело беше Никола Груевски. Но, според неофицијалните сознанија во ова иницијатива се уште и професорот Никола Поповски кој во влада на СДСМ беше министер за финансии, Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ. Освен нив, се спомнувата имињата и на професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска, Олимпија Христова Заева и на Горан Рафајловски.

-Идејата зад неа е на едно место да се соберат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање… И да претставуваат советодавно тело за економски стратешки размислувања. Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, напиша во објавата Фатмир Битиќи.

Претходна вестПриведени три лица, двајца се малолетници, краделе од автомобили
Следна вестЗошто на Заев му дојде идеја за обединување околу нов Клинички, а не околу надворешната политика?