Приведени три лица, двајца се малолетници, краделе од автомобили

Три лица, од кои двајца се малолетници, се приведени од страна на полицијата заради кражби од автомобили во скопската општина Шуто Оризари.

-А.И. (28) бил уапсен на ул.„Индира Ганди’ во Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела „тешка кражба“ од автомобили, и двајца малолетници на 17 и 15 години, од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, се наведува во информацијата.

Лицата се приведени во Полициска станица Чаир, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестЌе се испрати дополнителен број лекари во ковид-центрите на интерните клиники
Следна вестПоранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ заедно во владино советодавно тело