Темен режим Режим на светлина

Ќе се испрати дополнителен број лекари во ковид-центрите на интерните клиники

Во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари, договорено е на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники.

На оваа средба се разговарало за третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.

На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани.

И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој.

За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицаец возел нерегистрирано возило со одјавени таблички

Следна објава

Приведени три лица, двајца се малолетници, краделе од автомобили