Тешко повредено едно лице во судир на автомобил и камион во Долно Лисиче

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице во соорбаќајна несреќа што се случила синоќа во скопската населба Лисиче.

-Вчера околу 21 часот во скопското село Долно Лисиче на крстосница од улиците „1“ и „7“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Mазда 323“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(37) од Долно Лисиче и товарно моторно возило „Mан“ со приколка „Утва“ двете со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(52) од Скопје, информира МВР.

По незгодата, И.Н. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПоразително: Македонските четвртооделенци на 51 место од 58 држави во природни науки
Следна вестСе разговара за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ