Поразително: Македонските четвртооделенци на 51 место од 58 држави во природни науки

Поразителни резултати покажаа македонските четвртоодделенци на меѓународното тестирање ТИМСС на кое што се проверуваа нивните постигнувања во природните науки и во математиката. Резултатите покажаа дека нашите ученици на десетгодишна возраст се раниграни на 51 место во областа на природните науки меѓу 58 држави-учеснички, додека кај математичката писменост на 45-то место.

ТИМСС тестирањето се спроведе минатата година, а Македонија беше една од 58-те земји кои изразија интерес суштински да ги проверат постигањата на нашите ученици.

Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонг Конг, Кина, Јапонија… Во однос на земјите од опкружувањето нашите ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

-Резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС ни даваат вистинска слика за тоа каде се наоѓа нашиот образовен систем на глобалната карта по математика и природни науки и колку нашите ученици се оспособени да го искористат сопственото знаење. Тестирањето ни покажа дека како земја генерално имаме капацитет да создадеме квалитетно едуцирани генерации, но дека треба уште многу да се работи. Затоа веќе работиме на целосно нова концепција за основно образование која треба да го поттикне и изрази полниот потенцијал на секое дете. Исто така треба да создаде идни генерации кои нема само да меморираат факти туку ќе носат заклучоци базирани на анализа на факти, соопшти денеска Министерството за образование.

Претходна вестМакедонија останува 65. на најновата ФИФА ранг листа
Следна вестТешко повредено едно лице во судир на автомобил и камион во Долно Лисиче