Репрезентацијата на Италија си обезбеди сигурна победа вчера на Олимпико против Македонија со 5:2. Самиот почеток на средбата беше и повеќе од силен за домаќините, отворија со голот на Дармиан во 17. минута. Подоцна промашија и пенал, Димитриевски му фати топка на Жоргињо, а до крајот на полувремето, Италија веќе водеше со 3:0, благодарение на двојниот стрелец Федерико Киеза.
Сигурната игра на Италија беше крунисана со три гола и сигурна предност, додека во вториот дел веројатно дојде до опуштање во редовите на домаќинот.
Македонија успева да се врати во резултатска неизвесност со двата гола на Јани Атанасов, а домаќините сфатија дека не е време за да го прокоцкаат натпреварот, па зголемија на 4:2 преку Распадори.
Кога сите мислеа дека тоа ќе биде конечниот резултат, Ел Шарави стрела длабоко во судиското надоплнување за конечни 5:2.