Поразителен приемен испит во „Орце Николов“: Од 292 ученици со сите петки, само 11 ученици покажале одличен успех

Поразителни резултати покажало полагањето на приемен испит за упис во прва година во скопската гимназија „Орце Николов“. Од 292 пријавени кандидати кои со скроз одличен успех го завршиле основното образование, на дополнителното тестирање 39 ученици добиле единици, 70 ученици двојки, 133 ученици добиле тројки, 39 ученици се оценети со четворки, а само 11 ученици добиле петки.

Тестирањето е спроведено откако за упис во првата година беа предвидени 252 места а на распишаниот конкурс се пријавиле 292 ученици со просек 5,00.

На објавената ранг-листа на интернет страницата на гимназијата се гледа дека се примени кандидатите од реден број 1 заклучно со реден број 252. Кандидатите од реден број 252 до 292 се одбиени, односно, нив вкупно 40.

Според објавената ранг листа, евидентна е огромната разлика од првиот кандидат со најмногу бодови, 152, и последниот кој е примен со само 46 бода.

Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Конечните резултати покажале дека Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76 проценти ) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76 отсто од тестираните, Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76 отсто) имаат покажано 39 ученици, односно 13,36 проценти од тестираните, Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63 отсто) имаат покажано 133 ученици, односно 45,55 проценти од тестираните,  Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39 отсто) имаат покажано 70 ученици, односно 23,97 проценти од тестираните и Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26 отсто) имаат покажано 39 ученици, односно 13,36 проценти од тестираните.

Претходна вестНасилна смрт во 2021 година доживеале 677 лица, за 54,6 отсто повеќе од преклани
Следна вестДуќанџиите бараат домаќинско работење во ГТЦ